Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски: Се воспоставува нов принцип, спортскиот успех мора да се вреднува во текот на целиот живот
    Политика

    Мицкоски: Се воспоставува нов принцип, спортскиот успех мора да се вреднува во текот на целиот живот

    12/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На свечена церемонија што која се одржа во Владата на Република Македонија, премиерот Христијан Мицкоски се обрати пред присутните по повод доделување Национално признание на најуспешните македонски спортисти за врвни достигнувања во спортот.

    -Нне зборуваме само за спорт, зборуваме за пожртвуваност, за истрајност, за достоинство, за љубов кон татковината. Денес овде ја исправуваме државава пред нејзините најгорди амбасадори – спортистите, што со години наназад ја носеа во срцето и на грбот и на терените, арените и подиумот ширум светот. Доделувањето на Национално признание за врвни достигнувања во спортот е повеќе од формалност, тоа е чин на длабока, искрена и заслужена почит. Признавање на животен подвиг на луѓе кои не барале ништо, а дале се во својата кариера, луѓе што ги претворија соништата во резултати, а резултатите во национална гордост, изјави прениерот Мицкоски.

    -Со оваа одлука државава воспоставува нов принцип дека врвниот спортски успех мора да се вреднува, не само во моменти на еуфорија туку и во текокот на цел живот, токму овие признанија се доживотни, изјави премиерот Мицкоски на доделувањето на Национално признание за врвни достигнувања во спортот.

    На листата на одликувани се фудбалските легенди Горан Пандев, Дарко Панчев и Илија Најдоски, кошаркарите Петар Наумоски и Перо Антиќ, ракометарите што ја донесоа машката Лига на шампиони во Скопје со Вардар – Стојанче Стоилов, Петар Ангелов, Марко Мишевски, Марко Кизиќ, Владо Недановски и Мартин Поповски, како и „златните девојки“ од Кометал Ѓорче Петров – Елена Ѓоргиевска, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска и Клара Боева – кои пред 23 години ја освоија женската Лига на шампиони.

    Во име на наградените, со благодарност до Владата и Министерството за спорт се обратија Горан Пандев, Петар Наумоски и Гордана Нацева, изразувајќи чест и задоволство што нивната кариера е препознаена со ваков вид признание.

    – Со оваа одлука, државата воспоставува нов принцип – врвниот спортски успех мора да се вреднува, не само во моменти на еуфорија туку и низ целиот живот. Овие признанија се доживотни – потенцираше премиерот Мицкоски.

    Според последните измени во Законот за спорт, ова признание се доделува на македонски државјани кои имаат освоено златен медал или прво место на официјално европско или светско сениорско клупско првенство во екипни олимписки спортови, како и на оние што поставиле европски или светски рекорди на официјални меѓународни натпревари.

    Ова признание претставува симбол на државната почит кон спортисти кои постигнале врвни резултати, особено оние чии достигнувања досега не беа институционално вреднувани.

    Поврзани вести:

    Левица: Економската стабилност за која зборува Владата не се гледа во секојдневниот живот на граѓаните

    Левица: Економската стабилност за која зборува Владата не се гледа во секојдневниот живот на граѓаните

    Мицкоски: Следната година нов повик за општините, Чешиново-Облешево со нови проекти

    Мицкоски: Следната година нов повик за општините, Чешиново-Облешево со нови проекти

    СДСМ задоволна од резултатот во Брвеница и покрај четвртото место

    СДСМ задоволна од резултатот во Брвеница и покрај четвртото место

    Мицкоски прогласи убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

    Мицкоски прогласи убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Левица: Економската стабилност за која зборува Владата не се гледа во секојдневниот живот на граѓаните

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.