Државната изборна комисија попладнево на прес-конференција соопшти дека излезеноста на гласачите до 17 часот изнесува 39,28%.
Вкупниот број на избирачи кои гласале е 279.241. Најголем процент има во општините Конче, Росоман, Дојран, Лозово и Демир Капија – над 60 отсто, а најмал во сарај со околу 8 осто и Чаир – 12 %.
Во Кичево излезноста е 48,29%, а во Струга 35,39%.
Македедонија денес избира градоначалници во втор круг во 32 општини и во Градот Скопје.
Гласачките места се затвораат во 19 часот, а првичните резултати се очекуваат по 20 часот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
