Денес во Драмски театар се одржа прес конференција на која беше претставена програмата за РУТА – Регионална унија на театрите .
Седум вечери, седум претстави, една заедничка приказна што го слави театарот без граници. Од 25 до 31 октомври сцената на Драмски ќе стане центар на регионалната театарска енергија – каде што различни јазици зборуваат со исто срце.
🔥 Подгответе се за недела исполнета со хумор, емоции, апсурд, музика и живот. Ова не е само фестивал – ова е РУТА (Регионална унија на театри).
За РУТА
Во октомври 2019 година, претставниците на шест театри од регионот потпишаа Протокол за соработка и ја формираа Регионалната унија на театри – РУТА.
Унијата ја сочинуваат: Местно гледалишче љубљанско, Љубљана – Словенија; Београдско драмско позориште, Белград – Србија; Камерни театар 55, Сараево – БиХ; Улисис, Загреб – Хрватска; Градско позориште, Подгорица – Црна Гора и НУ Драмски театар, Скопје – Македонија. Оваа година, на РУТА се придружува и Центарот за култура, Тиват – Црна Гора и САРТР, Сараево – БиХ.
„Со намера да се институционализира идејата за соработка меѓу сродните театри од регионот со цел да ги презентираат меѓусебните достигнувања преку различни форми на соработка, презентираjќи актуелни теми и идеи од областа на уметноста од регионот, како и преку заедничка работа да се имплементираат различни значења и достигнувања“, пишува во преамбулата на Протоколот.
Фестивалот РУТА е единствен по својот модел, чија основа е ревијалната програма – секој театар изведува претстава по сопствен избор. Во текот на годината, сите театри ја преземаат улогата на домаќини на нивните сцени.
Седум вечери, седум претстави, една заедничка приказна што го слави театарот без граници. Од 25 до 31 октомври сцената на Драмски ќе стане центар на регионалната театарска енергија – каде што различни јазици зборуваат со исто срце.
Програма:
Драмски театар, Београдско драмско позориште, Местно гледалишче љубљанско и „Град Театар“, Будва
„Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“
Режисер: Иван Пеновиќ
25 октомври | 20:00 ч.
Центар за култура, Тиват
Ќелавата пејачка
Режисер: Јагош Марковиќ
26 октомври | 20:00 ч.
Драмски театар, Скопје
Куршуми над Бродвеј
Режисер: Ненад Витанов
27 октомври | 20:00 ч.
Београдско драмско позориште, Белград
Повеќе од игра
Режисер: Иван Вуковиќ
28 октомври | 20:00 ч.
Казалиште Улисис, Загреб
Мајки
Режисерка: Рајна Рац
29 октомври | 20:00 ч.
Местно гледалишче љубљанско, Љубљана
Три милиони минути
Режисерка: Барбара Хинг-Самобор
30 октомври | 20:00 ч.
САРТР, Сараево
За цел живот
Режисер: Јасенко Пашиќ
31 октомври | 20:00 ч.
Фото: PSTV
