Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»(ФОТО) Во среда јубилејна 50. изведба на „Торонто експрес“ во МНТ: Хит-претставата зад хуморот крие тажна приказна
    Култура

    (ФОТО) Во среда јубилејна 50. изведба на „Торонто експрес“ во МНТ: Хит-претставата зад хуморот крие тажна приказна

    21/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во среда, 22 октомври, со почеток во 20 часот, на малата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи јубилејната 50. изведба на монодрамата „Торонто експрес“, претстава која веќе неколку години го освојува театарската публика со својата искреност, хумор и емоција.

    Работена според мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов – Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, претставата ја прикажува иронијата и болката на македонската емиграција во Канада. На сцената, Александар Микиќ маестрално го носи целиот товар на драмата, создавајќи емотивен, духовит и човечки портрет на современиот „печалбар“.

    „Торонто експрес“ е приказна за заминувањето и копнежот по подобар живот, но и за идентитетот и носталгијата што никогаш не исчезнува. Преку духовитите монолози и живиот скопски сленг, Микиќ ја оживува реалноста на новите печалбари – луѓе со факултетски дипломи кои во странство носат пици или работат како конобари, додека нивните соништа и корени остануваат тука.

    „Еден од најголемите предизвици за актер е да стои сам на сцена и да ја држи публиката будна и насмеана, а потоа и да ја натера да замисли. Презадоволен сум што ’Торонто експрес’ допре до толку многу луѓе и што публиката и по 50 изведби реагира со ист ентузијазам,“ – изјави актерот Александар Микиќ.

    Режисерот Јордан Симонов додава дека ова е претстава што „преку смеа боли“ – дело што со едноставност и топлина ја раскажува приказната на илјадници Македонци што живеат со едно око кон тука, а со другото кон таму.

    „Торонто експрес“ останува едно од најуспешните современи македонски сценски остварувања – монодрама што со хумор зборува за сериозни работи и со секоја изведба потсетува дека смеењето понекогаш е најискрениот облик на тага.

    Фото: Принтскрин/MNT

    Поврзани вести:

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    50 изведба александар микиќ монофрама тажна приказна торонто експрес
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    19/09/2026

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    18/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.