🎤Голем број босански новинари покажаа интерес за македонските актери, кои во низа интервјуа и на конференцијата за печат споделија впечатоци за претставата, творечкиот процес и учеството на фестивалот во Брчко.
👏Александар Микиќ кој го игра главниот лик – Јеврем Прокиќ, рече дека хуморот во оваа претставата е кисел и сите се смееме, иако ни доаѓа да заплачеме: „Нушиќ одлично го има скенирано балканскиот менталитет и предизвик е за еден актер да ја преслика таа реалност, која за жал и по 100 години е непроменета, па затоа и публиката кога се смее, кисело се смее“, изјави Микиќ.
✨Ликот на Даница го игра Дарја Ризова, кој е метафора на младешката бунтовност.
„Имавме одлична соработка со Савин, режисер кој прецизно знае да ги води актерите низ процесот на подготовки. Ликот на Даница е гласот на разумот и отпорот, таа е огледало на оваа млада и бестрашна генерација, која има морален светоглед и која бунтовно се спротивставува на се она што е нечесно.“, рече пред босанските медиуми, Ризова.
🎙️На денешната конференција за печат со тамошните медиуми, директорот на МНТ, Никола Кимовски изјави:
„Беше голема чест, задоволство и одговорност, МНТ да настапи пред исклучително сензибилизирана и културна публика, која препознава и вреднува вистинска уметност. Реакцијата по претставата, стоечките овации и аплаузот се потврда дека театарот не само што живее, туку и силно комуницира, поврзува и обединува. Искрена благодарност до организаторите за извонредниот прием и топлото добредојде, како и до Ирфан Менсур – човек со визија, почитуван уметник, кој со својата уметничка интуиција го препозна потенцијалот на „Народен пратеник“ и даде простор оваа претстава да проговори и во еден поширок регионален контекст. Честа да бидеме дел од селекцијата под негова палка, за нас е поттик за понатамошна работа и развој. Посветеноста на нашите актерски ветерани: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска… направија тој силен сценски јазик, публиката да го прими со отворено срце“, потенцираше Кимовски.
Фото: Принтскрин/Facebook
