Експлозијата на автомобил-бомба на булеварот „Македонија”, на денешен ден пред 30 години го погоди возилото во кое се наоѓаше претседателот Киро Глигоров. При нападот Претседателот беше тешко повреден, а загина неговиот возач.
И покрај тешките последици, Киро Глигоров успеа да закрепне и ја извршуваше функцијата претседател до истекот на својот мандат во 1999 година.
Овој трагичен настан, кој и по 30 години останува едно од најконтроверзните и нерасветлени поглавја во македонската историја, претставува потсетник на тешките години од 90-тите, но и симбол на истрајноста и државничката улога на Киро Глигоров во зачувувањето на независна Македонија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
