Променливо време во април продолжува и оваа работна седмица. По убавите сончеви викенд денови, денеска ќе имаме облаци на територијата на цела Македонија. Во некои делови од државата ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.
И во Скопје се очекува дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степен.
Слично време ќе има и во наредните неколку дена.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
