Општина Ѓорче Петров заклучно со октомври 2026 година оствари реализација на капитални расходи од над 193 милиони денари, што претставува највисок износ во периодот 2012-2026 година. Со резултатот постигнат за десет месеци веќе е надмината целогодишната реализација од сите претходни години во овој период – информираат од Општината.
-Нашата одговорност е средствата на граѓаните да ги претвораме во проекти што го подобруваат нивното секојдневие. Реализацијата од над 193 милиони денари уште во октомври покажува дека поставуваме повисоки цели и работиме на нивното исполнување – истакна градоначалникот Александар Стојкоски и најави дека реализацијата на капиталните проекти ќе продолжи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
