Вкупно 115 ученици од скопските средни училишта утрово заминаа за Охрид, каде ќе учествуваат на бесплатен наставно-научен едукативен камп организиран од Град Скопје.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира
дека учениците ќе учествуваат во научно-истражувачки работилници, предавања, тимски проекти, културни и креативни активности, како и спорт и рекреација.
Дел од програмата е посветен и на развивање лидерски, комуникациски и презентациски вештини, како и запознавање со културното и историското богатство на Охрид. Од 25 до 31 август во Охрид ќе престојува втора смена од уште 115 средношколци.
Ѓорѓиевски порача дека целта е на младите да им се понудат нови знаења, искуства и можности за развивање на нивните потенцијали.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
