Скандалот со прислушување и следење новинари, политичари и други јавни личности преку шпионски софтвер „Предатор” во Грција доби судски епилог откако суд во Атина прогласи за виновни четворицата обвинети. Им изрече вкупна казна затвор од 126 години.
Скандалот избувна во 2022 година, кога излегоа тврдења дека новинар и политички лидер биле следени, а подоцна се појавија траги од софтверот во повеќе уреди, вклучително и кај политичари, министри, лица од безбедносниот сектор и бизнисмени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
