Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Жичницата на Водно затворена поради сериозни недостатоци
    Скопје

    Жичницата на Водно затворена поради сериозни недостатоци

    09/05/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Жичница Водно останува затворена откако контролата извршена од компанијата Doppelmayr покажала дека системот се наоѓа во многу лоша состојба и има сериозни недостатоци кои мора да бидат санирани.

    Од Град Скопје и ЈСП Скопје очекуваат понуда за сервисирање и дефектажа на жичницата, по што ќе биде познато колку ќе чинат поправките и колку време ќе биде потребно за повторно ставање во функција.

    Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека безбедноста на граѓаните е приоритет и дека жичницата нема да биде пуштена во употреба додека целосно не се отстранат сите недостатоци.

    Тој посочи дека инспекцијата на компанијата која ја изградила жичницата за првпат била извршена по нејзиното поставување и дека биле утврдени бројни проблеми кои бараат сериозен сервис.

    Според Ѓорѓиевски, во тек е подготовка на финансиска пресметка и план за активности, по што јавноста ќе биде информирана за роковите и цената на реконструкцијата.

    Жичницата ќе остане затворена сè додека не се обезбедат услови за безбедно користење од страна на граѓаните.

    Градоначалникот се осврна и на проектот за жичница до Детската клиника, посочувајќи дека се водат разговори со Министерството за транспорт и Владата за обезбедување средства за втората фаза од изградбата, на потегот од Козле до Средно Водно.

    Поврзани вести:

    Делови од Центар денеска без вода поради дефекти и водоводни работи

    Делови од Центар денеска без вода поради дефекти и водоводни работи

    Силен ветер направи хаос на патиштата: Паднати дрва, семафор и канделабра

    Силен ветер направи хаос на патиштата: Паднати дрва, семафор и канделабра

    Малолетник претепан во тоалет на основно училиште во Радишани

    Малолетник претепан во тоалет на основно училиште во Радишани

    Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Центар денеска без струја

    Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Центар денеска без струја

    „Комунална хигиена“: За викендот опожарени четири контејнери во Скопје

    „Комунална хигиена“: За викендот опожарени четири контејнери во Скопје

    Карпошани ќе одлучуваат: Почнува креирањето на буџетот за 2027 година

    Карпошани ќе одлучуваат: Почнува креирањето на буџетот за 2027 година

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    водно Жичница скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Делови од Центар денеска без вода поради дефекти и водоводни работи

    20/11/2026

    Силен ветер направи хаос на патиштата: Паднати дрва, семафор и канделабра

    19/11/2026

    Малолетник претепан во тоалет на основно училиште во Радишани

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.