Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Ждребе се роди на улица во Карпош, граѓани реагираа за да му помогнат
    Скопје

    Ждребе се роди на улица во Карпош, граѓани реагираа за да му помогнат

    04/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Необична сцена утрово привлече внимание во скопската населба Карпош, каде кобила се ождреби среде улица. Настанот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, откако граѓани споделија фотографии и информации од местото.

    Фотографиите ги објави Игор Паневски, додека засега не е познато кому му припаѓа кобилата.

    Активистката Билјана Николовска раскажа дека застанала за да му помогне на новороденото ждребе, кое лежело на коловозот. Таа успеала да го премести на тревната површина покрај патот, нагласувајќи дека останатите минувачи главно застанувале само за да снимаат со мобилните телефони.

    Околу еден час подоцна повторно се вратила на местото за да провери како е животното, но ждребето сè уште лежело на земја и не успевало да стане.

    Николовска потоа се обидела да побара помош од надлежните служби. Контактирала со Ветеринарната амбуланта во Автокоманда, од каде што ја упатиле во ЈП „Лајка“. Според нејзината објава, таму не добила одговор, а телефонскиот број што го имала за здружението „Анима Мунди“ не бил во функција.

    На крајот стапила во контакт со вработен во Зоолошката градина, кој ја информирал дека ќе биде испратена екипа за да ја провери состојбата на ждребето.

    Неколку часа подоцна активистката соопшти дека ждребето е живо и дека неговата состојба е добра, упатувајќи благодарност до сите што помогнале и реагирале.

    Поврзани вести:

    Дел од Општина Петровец денеска без струја поради планирани работи на мрежата

    Дел од Општина Петровец денеска без струја поради планирани работи на мрежата

    „Бела ноќ“ го оживеа Скопје: Илјадници граѓани уживаа во музика, уметност и културни настани

    „Бела ноќ“ го оживеа Скопје: Илјадници граѓани уживаа во музика, уметност и културни настани

    Рекордни 15.050 учесници на Виз Ер Скопскиот маратон, Скопје денеска во знакот на трчањето

    Рекордни 15.050 учесници на Виз Ер Скопскиот маратон, Скопје денеска во знакот на трчањето

    Дел од скопските улици утре затворени за сообраќај поради маратонот

    Дел од скопските улици утре затворени за сообраќај поради маратонот

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    ждребе карпош кобила
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Дел од Општина Петровец денеска без струја поради планирани работи на мрежата

    05/10/2026

    „Бела ноќ“ го оживеа Скопје: Илјадници граѓани уживаа во музика, уметност и културни настани

    04/10/2026

    Рекордни 15.050 учесници на Виз Ер Скопскиот маратон, Скопје денеска во знакот на трчањето

    04/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.