Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Започна реконструкцијата на „Црн Канал“ во Драчево, завршени 50 отсто од првата фаза
    Скопје

    Започна реконструкцијата на „Црн Канал“ во Драчево, завршени 50 отсто од првата фаза

    14/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во тек се градежните активности за целосна реконструкција на атмосферскиот канал „Црн Канал“ во Драчево, на потегот од улицата „Малешевска 1“ до локалитетот Мала Рада, во Катастарска општина Драчево 2.

    Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, информираше дека работите на терен се одвиваат според предвидената динамика, а во првата фаза веќе се реализирани околу 50 проценти од планираните активности.

    Во моментов се работи на санација на бетонското корито по должината на целиот канал, додека на делницата до мостот „Киро Фетак“ се поставуваат бетонски блокови кои ќе претставуваат стабилна основа за изградба на нова пешачка патека над каналот.

    „Активно се работи на санирање на бетонското корито долж целиот канал, а на потегот до мостот „Киро Фетак“ се поставуваат бетонски блокови кои ќе бидат стабилна основа за нова пешачка патека врз самиот канал. Со оваа инвестиција, со поддршка од Владата, директно го подигнуваме нивото на безбедност и функционалност на инфраструктурата во Драчево и создаваме услови за посигурна и поквалитетна животна средина за сите жители“, изјави Стаменкоска – Трајкоска.

    Од Општина Кисела Вода посочуваат дека проектот претставува значајна инфраструктурна инвестиција, која треба да придонесе за подобрување на системот за одведување на атмосферските води и намалување на ризикот од поплави.

    Реконструкцијата се реализира во рамки на Унгарскиот кредит – Проекти фаза 2, како дел од владината програма, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Поврзани вести:

    Дел од Крњево денеска без вода поради интервенција на водоводната мрежа

    Дел од Крњево денеска без вода поради интервенција на водоводната мрежа

    ЕВН најави прекини на електричната енергија во повеќе скопски населби

    ЕВН најави прекини на електричната енергија во повеќе скопски населби

    По години запуштеност, градските цвеќарници во Скопје повторно ќе оживеат

    По години запуштеност, градските цвеќарници во Скопје повторно ќе оживеат

    Ученици од скопското училиште „Браќа Миладиновци“ развиваат зелени иновации

    Ученици од скопското училиште „Браќа Миладиновци“ развиваат зелени иновации

    Во Скопје пристигна првата испорака од 3.300 нови контејнери

    Во Скопје пристигна првата испорака од 3.300 нови контејнери

    Крводарителска акција во Општина Аеродром: Хуманост што спасува животи

    Крводарителска акција во Општина Аеродром: Хуманост што спасува животи

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    драчево кисела вода скопје црн канал
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Дел од Крњево денеска без вода поради интервенција на водоводната мрежа

    13/10/2026

    ЕВН најави прекини на електричната енергија во повеќе скопски населби

    13/10/2026

    Од Скопје до Пекинг: Дарио Ивановски избори настап на СП 2027

    12/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.