Новак Ѓоковиќ утре (вторник) треба да го одигра својот прв меч на Мастерс турнирот во Париз, каде што во второто коло ќе се соочи со Валентан Вашеро. Натпреварот е закажан како трет и последен на Централниот терен.
Сепак, последните фотографии од тренингот предизвикаа загриженост кај неговите навивачи. На снимките се забележува дека српскиот тенисер има одредени проблеми со грбот, а во еден момент интервенирал и неговиот физиотерапевт.
На социјалните мрежи веднаш се појавија шпекулации дека Ѓоковиќ чувствува болка, иако засега нема официјална информација за сериозноста на евентуалната повреда.
Поради тоа, неизвесно е дали српскиот ас ќе настапи на турнирот. Се очекува конечната одлука да ја донесе непосредно пред мечот, во текот на утрешниот ден.
Негов противник Валентан Вашеро во Париз пристигнува во одлична форма, откако во неделата ја освои титулата на турнирот во Базел.
