Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека вонредните парламентарни избори во земјата ќе се одржат на 25 октомври оваа година.
Во гостувањето во дневникот на Радио-телевизија Србија, Вучиќ посочи дека е негова одговорност да донесе одлука за распуштање на Народното собрание и да го потпише указот за распишување на изборите.
„Двете одлуки ќе ги соопштам утре напладне. Изборите ќе се одржат на 25 октомври. Предизборната кампања ќе трае 46 дена“, изјави Вучиќ.
Со ова, Србија влегува во нов изборен процес, а политичките партии во следниот период ќе започнат со подготовка на своите кампањи и изборни активности.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
