Воените сили на САД ќе спроведат повеќедневна воздушна вежба на Блискиот Исток. Ова се случува во момент кога се зголемуваат тензиите меѓу САД и Иран. Вашингтон го засилува своето воено присуство во регионот испраќајки цела армада од воени бродови.
Најавата за вежбата доаѓа откако ударната група на носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн” пристигна во таа зона. Како што велат од армијата на САД вежбата ќе им овозможи на пилотите да демонстрираат „како да распоредуваат, управуваат и спроведуваат борбени мисии во тешки услови, безбедно, прецизно и со нашите партнери”.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







