Три лица, меѓу кои и сопственикот на фабриката „Виоланда” во грчкиот град Трикала, се уапсени и ќе бидат изведени пред јавен обвинител за експлозијата и пожарот во понеделникот наутро, во кој животот го загубија пет работнички.
Тие се сомничат „за дејства и пропусти поврзани со кривични дела што се однесуваат на убиство од небрежност, тешки телесни повреди, подметнување пожар и експлозија, во деловен објект”.
Истражителите откриле дека експлозија од ваков обем може да биде предизвикана исклучиво од истекување пропан, а дополнително, еден од вработените, кој бил на смена, рекол дека пред експлозијата се чувствувал мирис на гас во просторот за производство, каде што се наоѓале и печките.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
