Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Во Скопје, исто така ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од утре до крајот на седмицата следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд.

