Претставниците на Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена во ноември ги информираа и едуцираа граѓаните на кој начин, каде и во кои термини, согласно законските одредби, треба да го одлагаат комуналниот отпад и отпадот од пакувања.
„Во текот на минатиот месец, екипите на Комунална хигиена подигнаа и транспортираа 1500 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Интервенирано е во речиси сите скопски општини, како и на таканаречените „црни точки” каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и на сообраќајни површини”, соопштија од скопското претпијатие.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
