Општина Бутел денеска распиша тендерска постапка за изградба на поликлиника, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски. Новата поликлиника Бутел ќе се гради на улица Бутелска, на местото на постојната модуларна амбуланта. Ќе има приземје и кат. Костовски посочи дека се работи за модерна поликлиника, која ќе се простира на 1.500 квадратни метри, а тендерската постапка се очекува да трае околу еден месец. Министерот за здравство Азир Алиу истакна дека оваа поликлиника е пример за соработка меѓу централната и локалната власт.
– Во новата поликлиника ќе има општа медицина, ординации за педијатрија, биохемиска лабораторија, кабинет за радиологија, стоматологија, гинекологија, психијатрија… – рече Алиу.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
