Викеднов, ноќта меѓу сабота и недела почнува летното сметање на времето. Точно во 2 часот, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред. Тоа значи дека оваа деноноќието ќе трае 23 часа, па граѓаните практично ќе „изгубат” еден час сон.
Во последните години, се води дебата дали ваквиот систем треба да се укине. ЕУ уште во 2016 година покрена иницијатива за укинување на сезонското менување на времето, но земјите членки како и за многу други работи не постигнаа согласност.
Во јавноста често се отвора и прашањето за влијанието врз здравјето. Многу луѓе се жалат на замор и нарушен биоритам, а истражувања покажуваат дека на организмот му се потребни две недели за целосно да се прилагоди.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
