На средба со жителите на Центар, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, разговараше за урбаните предизвици и можностите за развој на оваа централна градска општина.
„Центар е лицето на Скопје и токму затоа ќе се потрудиме тоа лице да биде достоинствено, современо и чисто“, истакна Ѓорѓиевски пред присутните граѓани, додавајќи дека сите нивни барања внимателно ќе бидат вклучени во новата програма.
Тој нагласи дека приоритет ќе биде хигиената, соопштувајќи дека ќе се вложи во редовно одржување на јавниот простор. Воедно најави решенија за намалување на сообраќајниот метеж, преку паметни и ефикасни сообраќајни решенија, како и развој на урбано живеење „по мерка на човекот“.
„Имаме визија и план не само за Центар, туку за цело Скопје“, изјави Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека конечната цел е Скопје да стане модерен град со кој ќе се гордеат и жителите и посетителите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
