Водата во Скопје ја нема доволно, а кога ја има безбедна е за пиење. Ова стои во неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење на Јавното претпијатие „Водовод и канализација“.
„Секторот за санитарна контрола во периодот од 14 до 18 јули зема 212 примероци за физичко-хемиска и 212 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, објаснија од градското водоводно претпијатие.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
