Првиот пилот проект во државата за селекција на ПЕТ амбалажа и лименки во
домаќинствата беше стартуван денес во Стајковци.
„Заедно со Центарот за климатски промени, ја отпочнуваме оваа важна еколошка
иницијатива како дел од поширокиот проект „Регионално партнерство за подобро
спроведување на Зелена Агенда за Западен Балкан“. Денес им ги поделивме
кантите за селекција на граѓаните од Стајковци и им ја објаснивме целата
постапка“, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
Секое домаќинство што е дел од пилотот ќе има посебни канти за пластика и
лименки, а собраниот отпад ќе се подига на секои две недели – или по договор, во
согласност со реалната динамика.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
