Во основното училиште „Кочо Рацин“ во Центар, Скопје, завршена е комплетна
реконструкција на мултифункционалното игралиште, кошаркарското игралиште, а
поставувени се и нови фитнес справи на отворено.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека во овој проект се инвестирани 4,6
милиони денари, како одговор на барањата на жителите на Центар.
Мултифункционалното игралиште, според објавата на Ристовски, целосно е обновено за
фудбал, одбојка и ракомет, кошаркарското игралиште доби нови обележувања и опрема,
а младите добија и современи фитнес справи за тренинг на отворено.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
