Утре од 19:00 часот кај скалите под Хотел „Парк“, на кејот на Вардар, а во рамки на
проектот „На одмор сум, во Центар сум“, ќе се одржи спортска дружба и забава со
познатиот македонски атлетичар Кокан Ајановски.
Дечињата ќе имаат можност да трчаат заедно со Кокан, да научат повеќе за атлетиката и
да уживаат во позитивната енергија на спортот.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека со овие активности им се нуди на
децата што летово остануваат во градот можност за дружење, забава и нови спортски
искуства.
Настанот „На одмор сум, во Центар сум“, се реализира во рамки на Програмата за култура
на Општина Центар за 2025 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
