Каја Шукова – кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје изјави дека се решила да влезе во градоначалничката трка затоа што Градот е во очајна состојба, и ако како личност чувстувате и професонален и секаков друг капацитет да помогнете – треба храбро да се влезете во битка.
„Мислам дека и јас имам што да понудам, а и во СДСМ имаме што да понудиме на Градот Скопје“, рече Шукова.
Таа додаде дека политиката мора да се тргне од Градот кога се во прашање интересите и потребите на граѓаните, а како најгорливи проблеми со кои секојдневно се соочуваат скопјани ги посочи – јавниот превоз, чистотата и водоснабдувањето.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
