Во текот на летниот период, додека учениците се на распуст, Општина Ѓорче Петров интензивно работи на санации, реконструкции и унапредување на условите во сите основни училишта на својата територија.
Градоначалникот Александар Стојкоски изврши увид во тековните активности во основното училиште „Страшо Пинџур“, каде се реализира санација на оштетените подовите во училниците и ходниците, на површина од 780 квадратни метри.
Се заменуваат сите дотраени врати, а за првпат се интервенира и на водоводната и канализациската мрежа, која досега не била обновена. Паралелно, се врши и санација на санитарните јазли, со што значително се подобруваат внатрешните услови за наставниот процес.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
