На социјалните мрежи Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Чаир го објави името на познатиот урбанист од Турција, Бајрам Вардар кој ќе биде дел од тесниот круг на соработници.
Во видеото, објавено на фејсбук Бајрам Вардар меѓу другото вели: „Слично на Истанбул или Бурса, предизвиците и тука во Чаир се слични. Ќе изработиме Мастер План за Чаир, заедно со граѓаните.”
Бајрам Вардар бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога бил градоначалник на Истанбул, како и бил главен урбанист на градот Бурса.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
