Со цел ѓорчепетровци да уживаат во безбедна, чиста и здрава средина за игра и рекреација, општината формираше посебна екипа која секојдневно ќе ги чисти и одржува сите детски игралишта и паркови на нејзина територија. Оттаму апелираат до сите жители да се грижат за заедничкиот простор, да не фрлаат отпад, како и да се зачува околината.
„Во рамките на оваа заложба, реализирана е и редовна теренска акција за чистење на јавните површини на неколку локации во Ѓорче Петров, во соработка со комуналниот пункт“ – соопштија од Општината.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
