Во Скопје и вчера гореше! Повторно се запали дивата депонија во Визбегово, во близина на индустриската зона. Ова е втор сериозен пожар на истата локација во помалку од две недели.
„Во прашање е дел од истата депонија. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје веќе е на лице место и интервенира. Во моментов нема опасност за блиските објекти, но димот е густ, црн и се шири брзо со помош на ветерот“, информираа од Центарот за управување со кризи.
Вчера се запали и дуќан на „пластичарската“ улица. Покрај материјалната штета, пожарот предизвика и паника кај граѓаните и кај сопствениците на околните продавници.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
