„Октомвриските локални избори не само во Чаир, туку генерално во земјава се референдум за отфрлање или нормализирање на еден концепт кој се обидува да се инсталира кај нас – оној за рушење на Охридскиот договор и топење на државотворниот статус на албанскиот народ за да стане ист со малцинствата како што беше пред 2001 година“, вели Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Шаир од ДУИ, во интервју за МИА.
„Фактот дека ВРЕДИ како неуспешен политички експеримент својата иднина ја поставила на надежта дека ќе и помогне ВМРО-ДПМНЕ со своите гласови, покажува колку е погрешна оваа политика и затоа таа ситуација ги мобилизирал сите Албанци да ја пренесат пораката дека треба да се почитува гласот на граѓаните, суверенот за иднината на земјата“, потенцира Османи.
