На местото на поранешниот запуштен простор, Општина Кисела Вода доби нов, современо уреден простор на површина од околу 1.250 квадратни метри, лоциран во рамките на државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Станува збор за нов парк со прв инклузивен сообраќаен полигон во Општината, простор наменет за игра, учење и за развој на сите деца, вклучително и на децата со попреченост.
„Отворањето на овој парк и инклузивен сообраќаен полигон е конкретен доказ за тоа. Се наоѓа во училиште кое има специјална задача, да обезбеди образование и поддршка за децата со оштетен вид и не случајно, токму тука вложуваме во инфраструктура која е достапна и корисна за сите“, напиша градоначалникот на Кисела вода и кандидат за градоначалничката функција на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
