„Расчистен е просторот од диво поставено шатори спроти зградата на Министерството за образование, познат како Парк на новинари“, соопштија од општина Центар. Од таму објаснија дека реагирале по пријави на жителите на Центар.
„Се водевме и од социјалната димензија на проблемот, на терен беше затекнато и едно лице со посебни потреби, што дополнително ја нагласува потребата од институционална поддршка. Иако Министерството за социјална политика, демографија и млади не беше дел од денешната акција, сметаме дека е морално и неопходно да се вклучи во понатамошниот процес за да се обезбеди соодветна грижа за ранливите категории“, извести Герасимовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







