Со целосната реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, Аеродром ќе го решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Општината.
Станува збор за клучна улица во должина од околу 1300 метри со вкупно 109 приклучоци и можност за нови приклучувања на оваа мрежа, појаснија од Општината.
Реконструкцијата опфаќа замена на старите и дотраени цевки со нови со поголем дијаметар и поставување на нови 15 пожарни хидранти по должината на целата улица
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
