Најмалку 73 лица се повредени во нов бран напади на јеменските Хути врз Саудиска Арабија, по што коалицијата предводена од Ријад најави решителен одговор. Меѓу повредените има жени и деца, соопшти портпаролот на коалициските сили, генерал-мајор Турки ал-Малики.
Според саудиската страна, Хутите нападнале цивилни и економски објекти во градовите Абха, Хамис Мушаит, Џазан и Наџран.
Ал-Малики ги оцени нападите како директна закана за безбедноста на населението и кршење на суверенитетот на Саудиска Арабија. Здружената команда на коалицијата најави дека ќе ги преземе сите потребни оперативни мерки за да ги одврати Хутите и да ги неутрализира изворите на закана.
Новата ескалација следува откако Саудиска Арабија во јули повторно стана цел на ракетни напади на Хутите, со што беше прекинато четиригодишното фактичко примирје меѓу двете страни. Саудиска Арабија настојуваше да остане надвор од поширокиот американско-ирански конфликт, додека Хутите имаат поддршка од Техеран.
Претставникот на политичкото крило на Хутите, Наср ал-Дин Амер, порача дека операциите што се во тек се многу пошироки од она што досега е објавено на социјалните мрежи.
🚨 Houthis are reportedly firing ballistic missiles and drones at Saudi oil facilities and King Khalid Air Base pic.twitter.com/sGSdPIZ6lz
— Anadolu English (@anadoluagency) September 8, 2026
