Во населбата Кале е отворено фудбалско игралиште со современа подлога, инфомираа од оштина Центар. Од таму појаснија дека, покрај тоа што на игралиштето е поставена нова заштитна ограда, уредено е и детското катче, а поставен е и летниковец за одмор и рекреација.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека со оваа инвестиција, Општината продолжува со активното унапредување на јавните простори во сите маала.
„Изминатиов период инвестиравме во нови спортски и детски игралишта во Центар. Се грижиме да бидат модерни, функционални и достапни за сите, затоа што активниот живот и квалитетниот јавен простор се приоритет за нас“, изјави Герасимовски.
