Пред Кино Маџари во Гази Баба пуштено е ново, современо детско катче, наменето за безгрижна игра и детска радост.
„Со внимателно избрани реквизити и соодветно уреден простор, создадовме средина каде децата ќе можат да играат безбедно, а родителите да се чувствуваат спокојно“, известија од Општината.
Катчето, како што објасни градоначалникот Бобан Стефковски е опремено со најсовремени реквизити за детска забава – лулашки, тобогани, баланс елементи и креативни едукативни содржини. Поставена е и најновата генерација гумена подлога која обезбедува безбедност при игра, но и отпорност на временски услови и долготрајна употреба.
„Ова е 70-то детско катче е доказ за континуитет, планирање и доследна работа во интерес на најмладите жители на нашата општина. Децата се иднината на секое општество. Тие заслужуваат безбедни и инспиративни простори за игра и развој“, порача првиот човек на Гази Баба Бобан Стефковски.
