Општинските служби на општина Центар поставија нови паркинзи за велосипеди и тротинети на неколку локации. Овие нови капацитети се дел од континуираните напори на Општина Центар за унапредување на урбаната инфраструктура и поттикнување на одржлив транспорт, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
„Новите паркинзи се поставени кај Сквер Јадран, Водно кај маркетот Тинекс, во населбите Крњево и Кале, во Буњаковец кај Зегин, на улицата Рајко Жинзифов и пред зградата на Општина Центар. Со овие интервенции, Центар го правиме попријатно и пофункционално место за живеење. Досега доделивме над 584 субвенции за велосипеди, поттикнувајќи поздрави навики и подигнувајќи ја еко-свеста кај нашите сограѓани“, изјави Герасимовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
