Градинката „Мајски цвет“ во досегашната фаза на реконструкција доби метална конструкција на новиот објект, 20 шахти за атмосферските води. Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски направи увид на тековната работа на реновирањето на објектот и изрази задоволство од динамиката на работа.
„Градинката ќе биде целосно реконструирана и повторно ќе ги згрижи најмладите карпошани веќе во ноември. Новата градинка ќе биде енергетски ефикасна, асеизмички отпорна и по највисоки европски стандарди – безбедно и инспиративно место за психофизички развој на дечињата од Карпош“, напиша Јакимовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
