„Со несмален интензитет уште од раните утрински часови се гаси во реонот на општините Македонски Брод, Радовиш, Берово и Желино. Уште од раните утрински часови припадници од Првата пешадиска бригада, во непосредна координација со ЦУК и другите вклучени субјекти, дејствуваат во гаснење на пожарите од земја, информираат од Армијата во објава на социјалните мрежи.
Додаваат дека припадници на Вториот пешадиски баталјон се ангажирани во гаснење на пожарите во општините Радовиш и Берово, а од Првиот пешадиски баталјон се ангажирани во реонот на селото Локвица во Македонски Брод.
Армијата активно учествуваше и во гаснењето на позажирите во скопско.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
