Кон средината на септември ќе се организираат едукативни работилници на тема „Заштита од измами поврзани со сообраќајни незгоди“.
Акцијата, како што објаснија од Општината, произлегла од заедничката дебата меѓу градоначалникот Стевчо Јакимовски, членовите на Советот и претставници од локалната заедница, која пред неколку месеци се одвиваше во рамки на Локалниот совет за превенција на Општина Карпош.
Иницијативата има за цел да ја зголеми свеста на граѓаните, особено на повозрасната популација, од причина што пензионерите се едни од најзагрозените групи кои се мета на различни видови измами, особено оние што се поврзани со т.н „сообраќајни незгоди“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
