Целата територија на Чаир ќе биде опремена со подземни контејнери, а спроведувањето на овој проект ќе започне од Старата чаршија, најави министерот за животна средина и просторно планирање и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити.
„Четири се веќе поставени во Чаир, а уште девет веројатно ќе бидат пуштени во употреба во септември. Сите контејнери треба да ги поставиме на улиците и сокаците што се во наша надлежност, на главните патишта и во Чаршијата. Тоа значи дека сите треба да бидат под земја“, рече Меџити.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
