Атрактивноста за кејот Вардар нуди можности за спортски терени и локали каде што ќе можат младите да го поминуваат времето, да се забавуваат и рекреираат, вели кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, кој ја претстави својата визија за развој на општината.
„Јас се надевам дека кејот е во ингиренции на градот и сметам дека на овие избори ќе дојдеме во колерација на нашата општинска, градската и централната власт. Кејот е штета да е онаков каков што е. Онаа идеја за спортски терени и по некој локал каде што ќе може на што дозволуваат во рамки на законот до подоцните часови, младите да се забавуваат таму, место во локалите меѓу згради“, рече Лукровски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
