Двајца велешани и едно правно лице добија кривични пријави поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари. Тие се теретат за кривичното дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
„Во временски период од најмалку шест месеци, на парцели во општина Шуто Оризари, осомничените постапувале спротивно на законските одредби и без да поседуваат дозвола за управување на отпад на предметните парцели складирале и транспортирале отпаден материјал. На 9 јули околу 08.45 часот складираниот отпад се запалил и бил предизвикан неконтролиран пожар“, се наведува во соопштението на МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
