Еден од културните белези на Скопје – Универзална сала, ч конечно ќе добие нов лик .
Нејзината реконструкција започна пред неколку години, па во меѓувреме и ја запалија, па
стоеше, па не се знаеше кој е надлежен.
Но сега, како што објасни министерот за култура и туризам Зоран Љутков, ќе се работи
забрзано. Новиот изглед ќе ја задржи постоечката форма, ќе биде со капацитет од 1.200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи.
Тој посочи дека очекува на почетокот на октомври да завршат постапките за избор на
изведувач и надзор, со што, како што нагласи, ќе се создадат услови за започнување на
изградбата на Универзална сала по системот „клуч на рака“. Планирано е изградбата да
заврши до крајот на 2027 година.
