Завршија Европските младински олимписки игри во Скопје. Со дебакл… и организациски и резултатски.
Иако, беа најавувани како можност за голема презентација на Македонија во Европа, бројните негативни реакции од младите спортистите укажуваат дека тие од Скопје си заминаа со лоши чувства. Тотален хаос во организацијата!
И резултатски не поминавме подобро. Иако Македонија учествуваше со рекореден број спортисти, сепак на прсти можат да се избројат победите што ги остварија нашите младинци. За освојување медал воопшто и не дојдоа до можност!
Околу дилемата кој е виновен сега сите си ја ишкаат мувата од капата. Министерот за спорт Борко Ристовски се оградува од тоа дека биле организатори, исто и од Скопје.
Но како и да е, треба сериозно да се испита кој е виновникот? Каде, колку и за што се потрошија парите за организација? Зошто Скопје и Македонија кикснаа организациски на настан што требаше да биде фестивал на младоста и спортот и промоција на државата во Европа.
