Асфалт на нови улици во Волково најави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар
Стојкоски, кој преку социјалните мрежи информираше дека се работи под пругата, каде што
ќе се асфалтираат нови улици со вкупна површина од 10.000 метри квадратни.
„Континуирано, посветено се грижиме за секој дел од општината. Ѓорче ја доживува својата
инфраструктурна револуција. Задоволството на нашите сожители е главен мотив и
најголема награда за работата,“ истакна градоначалникот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
