Одличниот настап на изведувачот на изворни народни инструменти, Стефче Стојкоски ја одбележа втората вечер во рамки на „Карпошовото културно лето 2025“. Музичарот беше придружуван од ансамблот „МакЕдинство“. Во спонтана и разиграна атмосфера пред многубројната публика, искусните музичари се претставија со широк опус на староградски изворни македонски песни и ора кои ги воодушевија присутните посетители.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
