Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром Александар Трајановски, вчера оствари средба со жителите на населбата Стар Аеродром.
Граѓаните на Трајановски му посочиле повеќе теми кои го засегаат нивното секојдневие, од хигиената на јавните површини, зеленилото и урбаното уредување, до прашањата поврзани со детските градинки, училиштата и паркирањето. Разговорите се одвивале во конструктивна атмосфера, а соговорниците покажале подготвеност да се вклучат во идните решенија.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

